
Силвио Берлускони веднаш да го напушти сенатот поради пресудата за даночно затајување – гласаа италијанските парламентарци. Поранешниот италијански премиер кои во последните 20 години доминираше во политички живот , го изгуби пратеничкиот имунитет, поради што може да биде уапсен. Силвио Берлускони таквиот потег го оцени како ден на жалост за италијанската демократија.
Пред самиот чин на гласање, тој изјави дека останува во политиката како лидер на ,,Форца Италија “ во битка за доброто на земјата.
Претходно приврзаниците на Берлускони се собраа пред неговиот дом во Рим во знак на протест поради денешното гласање во Сенатот за одземање на неговиот мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


