Ирена Ристиќ, Тања Кочовска и Весна Петрушевска вагиналниот монолог го пренасочија кон акцијата „Мовембер“. Тие заедно со режисерката Нела Витошевиќ подготвуваат кам-бек на популарната театарска претстава, а пробите ги искористија и за „пуштање на мустаќи“.
„Вагинални монолози“ ја режираше Димитар Станковски. Во претставата друштво им правеше Јелена Жугиќ, но во римејкот таа нема да се појави. Честа да го работи римејкот ја доби Нела Витошевиќ.
-Претставата ќе му ја посветиме на Станковски затоа што многу нѐ сакаше сите четири. Но, овојпат ќе играме без Жугиќ, која не можеше да доаѓа на пробите поради свои професионални обврски. Ќе ја режира Нела Витошевиќ. На 22 декември ќе има фестивал на кој треба да играме. Ние имаме план пред тоа, околу 10 декември, да имаме премиера. Сега сме повозрасни, но темата е прекрасна. Универзална е. Едвај чекаме да играме. Продолжуваме трите, ние, сепак, сме во еготрип, не може да дојде некоја четврта што не ја знаеме – рече неодамна Петрушевска во интервју за Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Потресна колумна на Весна Петрушевска: „Смртта на една мајка“
-
Весна Бејби организираше забава за ќеркичката: Џамбазов, Елена и Каролина на роденден кај Мина (фото)
-
Петрушевска жестоко до Најчевска: Не дај боже тоа тебе да ти се случи!


