Во текот на денот ќе се врши увид во манастирот „Трескавец“ со цел да се утврди која е причината за појавата на пожарот во кој целосно изгореа конаците, а со интервенција на надлежните служби и месното население беше спасена црквата Успение на Пресвета Богородица од 13 век, како и сите вредни предмети.
Денеска за состојбата во манастирот ќе расправа економскиот совет на општина Прилеп, а на пладне ќе се одржи и вонредна седница на Советот.
Пожарникарите и доброволоци се на терен и будно ја следат состојбата, а во текот на наредните денови ќе започне и расчистувањето на просторот. Ќе се работи на нов проект за изградба кој ќе биде според стандарди за градба, согласно законот за заштита на културното наследство.
Ова е трет пожар од 19 век па наваму во манастирот. Претходно конаците гореле во 1867 година и во 1990 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.