Последните неколку месеци речиси сите популарни пејачки, актерки и воопшто познати лица од Албанија, на своите профили на „Фејсбук“ се појавија со шамија на главата.
Тоа до толку се рашири низ сооцијалните мрежи што стана тренд. Ни Македонија не остана имуна на овој хит. Па, неодамна со шамија на главата се пофалија и пејачката Аделина Тахири и познатата водителка Биг Мама.
Сепак, покрај трендот главата да се украси со традиционална шамија, Аделина и Биг Мама така ќе настапуваат и во еден нов проект, чиј почеток, како што најавија, ќе биде за време на празничната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


