| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел, ожени се со мене!

Македонките збеснаа по Даниел!

Возбудата околу неговиот настап на аудицијата во Белград, никако да спласне. Даниел Кајмакоски од Струга е човекот на денот. Откако во интервјуто за „Икс фактор, тој откри дека отсекогаш имал желба да се ожени рано и да биде млад татко, стотици девојки на „Фејсбук“ се понудија токму тие да се најдат во улогата на негова сопруга.

Скромноста, талентот и изгледот на Даниел го освоија Балканот, а 29-годишниот стружанец, кој поголемиот дел од животот го помина во странство, е задоволен и благодарен за огромната поддршка.

– Ќе спиеме ли оваа ноќ? Мене сон не ме фаќа!! Полн сум со љубов и адреналин…Неверојатни сте, ме воодушевивте стварно… Каков камбек во Македонија!! Што ли воопшто правев во странство толку време? – напиша возбудениот Даниел на својот профил.

Даниел поддршка доби и од своите колеги. Најажурна беше Тамара, која е и негова пријателка. Таа синоќа напиша само: „Ви реков!“

Сепак, меѓу најдобрите изјави е онаа на Весна Петрушевска Бејби. Актерката за Даниел напиша:

„Добро утро, добар ден и пријатно, а Simon Cowell wanna be, нека чупа веѓи за време на пауза! Даниел, па браво, браво“.

Во исчекување на следната фаза на „Икс фактор“ и вториот дел од аудициите, потсетете се на македонските кандидати кои продолжуваат понатаму. А, Даниел може да го најдете на неговата официјална фан страница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top