| четврток, 6 декември 2018 |

„Јутарњи лист“: Хрватска ќе има проблем со ЕУ поради референдумот за кирилицата

Ако Хрватска распише референдум за кирилицата, може да очекува сериозни проблеми со Европската унија, пишува „Јутарњи лист“.

– Доколку иницијативата и референдумот поминат, очекувајте сериозни проблеми со ЕУ. Тогаш со вас повторно ќе мора да се занимава Вивиен Рединг (еврокомесар за правосудство) бидејќи Законот за заштита на правата на малцинствата беше услов Хрватска да влезе во ЕУ и сега тој закон не може да се менува – изјавил неименуван европски дипломат.

„Јутарњи“ наведува дека дипломатите во Брисел велат дека испадот на хрватскиот фудбалски репрезентативец Јосип Шимуниќ – кој во текот на натпреварот со Исланд во рамки на квалификациите за Светското првенство ги поздрави навивачите на „Максимир“ со усташкиот поздрав „За дом спремни“ – е прашање на законот и кривично дело, кое нема врска со политика.

Дипломати од ЕУ велат дека, според извештаите што ги добиваат од своите колеги во Загреб, „ситуацијата во Хрватска не е пријатна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top