Заврши заложничката драма во Алабама, САД. Киднаперот кој држеше дете во бункер во градот Мидланд сити е мртов, а детето е спасено неповредено. Ова го потврди претставник на ФБИ на прес-конфренција.
Шеесетипетгодишниот Џими Ли Дајкс, ветеранот од Виетнам и пензионирам возач на камион бил забележан со огнено оружје во рака и агенти на ФБИ укажале дека постои непосредна опасност за животот на 5-годишниот Итан. Подоцна упаднале во бункерот. Не беше соопштено дали Дајкс се самоубил или бил убиен.
Во градот Мидланд Сити каде се случуваше инцидентот, завчера беше погребан возачот на училишниот автобус убиен од Дајкс. Пред пет дена тој влегол вооружен во автобусот и се обидел да киднапира деца. Возачот му се спротиставил, но бил застрелан од него. Дваесетина деца успеале да избегаат, но едно од нив Дајкс успеал да го киднапира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.