
Масовна потрага по младата Маја Блажеска од Лешани. Роднини, пријатели, жители на селото ги пребаруваат околните села, ја бараат четиринаесетгодишната Маја коа исчезна пред повеќе од две недели. Последен пат нејзиниот мобилен бил лоциран кај селата Велмеј, Сошани и Оздолнени. По Mарија трага и полицијата.
Девојчето, кое исчезна прво пред три недели, односно избега кај момчето од Скопје кое го запознала преку „Фејсбук“, но потоа се врати дома. Но, една недела подоцна таа повторно избегала од дома, заклучувајќи ја својата мајка дома. Дел од роднините се сомневаат дека таа е надвор од државата и е жртва на трговија со луѓе. Единствена која стапила во контакт со Маја е нејзината баба, која по многу обиди успеала да ја добие. Внуката ѝ рекла дека бегаат преку Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


