| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска штрајк на машиновозачите?

дете во возСпоред соопштението на синдикатот, патниците ќе добијат услуга само со возовите од Скопје кон Велес, Битола, Гевгелија, Kочани, Kичево и кон Табановце. Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија вчера одлучи утринава да стапи во штрајк, со барање да се вратат првичните работни позиции на машиновозачите прераспоредени на други позиции, исплата на платите до 25 во месецот, како и друга методологијата за пресметка на плата.

Во известувањето и до Владата се наведува дека раководството направило кадровски промени, кои довеле до општо незадоволство кај машиновозачите. Директорот на „Македонски железници – транспорт“, Оливер Деркоски, тврди дека нормално ќе се одвива железничкиот сообраќај во земјава.

– Нема да дозволам 35 луѓе да го запрат железничкиот сообраќај во земјава. Се работи за повик на штрајк на еден синдикат кој не е репрезентативен, односно 35 луѓе од вкупно 1.200 вработени одлучиле да штрајкуваат. Имаме и други машиновозачи, а очигледно е дека  намерата е друга. Тврдат дека требало да ги прашаме нив за да прераспределиме двајца вработени, а ние разговаравме со луѓето, тие не се бунат, туку задоволни се што се прераспределени на друго работно место. Ние го организираме железничкиот сообраќај да се одвива нормално, а нивна цел е да направат заблуда кај луѓето, а кои им се мотивите за тоа, не знам – вели Деркоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top