Прекинат е натпреварот во БИБЛ лигата меѓу македонскиот тим Куманово и ланскиот победник на ова натпреварување Галил Гилбоа од Израел, што во моментов се игра во Куманово. Трагедијата е спречена откако на еден од навивачите му се слошило по што интервенирале лекарите и му била пружена медицинска помош но тој не сакал да биде изнесен на носила надвор од салата.
Предходно откако момчето паднало во бесознание дел од публиката му ги кренала нозете нагоре.
По укажаната лекарска помош навивачот се соземал и успеал да седне на своето место по што од кумановската публика бил повикан да стане и добил аплаузи.
По инцидентот мечот Куманово – Галил во полуфиналето од БИБЛ купот продолжи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


