| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанската телевизија РАИ 3 сними репортажа за Мала Преспа

rai_3

Екипа на италијанската национална телевизија РАИ 3, предводена од познатиот новинар Стефано Марчели, деновиве престојуваше во областа на Мала Преспа, каде што сними репортажа за историските и културните знаменитости, Преспанско Езеро, како и Националниот парк „Преспа“.
Ова репортажа за Мала Преспа, како дел од емисијата „Медитеранео“, освен на РАИ 3 ќе биде прикажана на десетина ТВ канали во Европа, како Франц 3, Франц Интернатионал, ТВ 5 Монде во Франција, ТСИ во Швајцарија, ЕРТ во Грција, РТВ Сло во Словенија, Јр ТВ во Јордан, Ен ТВ во Алжир, како и на повеќе канали на арапски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top