| четврток, 6 декември 2018 |

Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” ќе се проширува до студентскиот дом „Гоце Делчев”

-Градот Скопје ќе ја продолжи реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” од крстосницата со булевар „8 Септември” до студентскиот дом „Гоце Делчев”, ова го најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски, на средба на службите на Градот Скопје и на јавните претпријатија на Град Скопје со урбаните и месните заедници од Општина Карпош.

-Наредната година Градот Скопје ќе ја продолжи реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” од крстосницата со булевар „8 Септември” до студентскиот дом „Гоце Делчев”, продолжување на градежните работи за решавање на тесното сообраќајно грло меѓу улицата „Скупи” и булевар „8 Септември”, подготвување на техничката документација за решавање на проблемот со водоснадбувањето на високата зона во Нерези, како и активности за изградба на фекална мрежа на булевар „Партизански одреди”, на потегот од улица „Московска” до булеварот „8 Септември”, истакна Трајановски.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски го поздрави овој начин на работа бидејќи истиот дава можност да се споредат постигнатите резултатите и да се дадат насоки за натамошната работа на јавните претпријатија и двете администрации.

Јакимовски додаде дека Општина Карпош дава свој придонес за подобрување на состојбите на терен преку ангажирање работници за одржување на јавната чистота и зеленило

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top