| четврток, 6 декември 2018 |

Доживотен затвор за лицата кои планираа напад за време на „Евровизија“

Три лица се осудени на доживотен затвор и уште 26 луѓе на долготрајна затворска казна поради планирани напади за време на изборот за песна на Евровизија.
Судот во Азербејџан до сега осуди најмалку 36 луѓе за планирање на напади за време на одржување на изборот за песна на Евровизија кога Азербејџан беше домаќин во мај 2012-та, годината кога во име на Македонија пееше Калиопи.
Изворот од судот за тешки кривични дела во Баку за АФП изјави дека тројца државјани на Азербејџан се осудени на доживотен затвор, додека останатите се обвинети дека добиле затворски казни во траење од девет до 15 години.
Министерството за внатрешни работи во Азербејџан тврди дека го спречил терористичкиот напад за време на Евровизија и дека се уапсени околу 40 осомничени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top