| четврток, 6 декември 2018 |

Херцигова: Луѓето си ја продадоа душата на „Фејсбук“ и „Твитер“

Супермоделот Ева Херцигова во интервју за порталот „Нетапортер“ објасни како нејзиниот приватен живот е само нејзин и смета дека не треба сите да објавуваат се на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“.

Четириесетгодишната убавица објаснува дека таа ги презира друштвените мрежи бидејќи смета дека приватниот живот на една личност, а посебно на ѕвездите, треба да биде само нејзин, а не за тоа да знае целата планета.

– Јас не се рекламирам на тој начин. Секогаш работев напорно и избирав добри понуди, но во денешно време кога луѓето си ја продаваат душата на „Твитер“ и на „Фејсбук“, сѐ е дозволено. Јас не сум таква, ја ценам својата приватност – рече Ева.

Ева Херцигова говореше и за нејзината дваесет и четиригодишна кариера како модел, но и за безуспешниот обид да се проба во светот на филмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top