| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбени 54.000 евра од банкомат на Стопанска банка

stopanska banka

Непознат арамија некако успеал да обие банкомат на Стопанска банка во скопската населба Ченто и да ја испразни. Ова е една од најголемите кражби во Скопје, во банкоматот имало 3.300.000 денари или околу 54.000 евра.

Кражбата, според МВР, се случила ноќта меѓу 22/23-ти месецов на улица „Јужноморавски Бригади“ кога  непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба од банкомат сопственост на „Стопанска Банка“, при што одзел 3.300.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top