| четврток, 6 декември 2018 |

Шок во серијата „Фемили гај“

Фамилијата Грифин наредната сезона ќе мора да побара ново милениче поради тоа што нивното куче кое зборува, Брајан, ќе биде убиено во серијата.

Автомобил го удри Брајан  и тоа загина во епизодата која беше емитувана во неделата. Меѓутоа, Грифинови веднаш најдоа ново куче, Вини.

Брајан, кучето кое оди на задните две нозе, зборува и пробува да се пробие како писател, првпат се појави во серијата на Сет Мекфарлан во 1998 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top