Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски ја презентираше програмата Д-10 со која се предвидуваат мерки за вработување, вели дека прво ќе бидат вработени во Министерството за труд и социјална политика, а потоа според квалификациите ќе бидат распределени на други места во државната управа.
Вработувањето на овие младинци е согласно на законските измени на Законот за социјална заштита за да им се подобри нивната состојба. За 34те вработувања годинава предвидени се 9 милиони и 650 илјади денари. Средствата за овие вработувања се предвидени во Буџетот.
Според Ристовски планирано е во првите две години да се вработат сите лица кои немаат ангажман, а според податоците станува збор за околу седумдесеттина лица.
Право да се јават на огласот имаат сите лица кои до 18 години имале статус на дете без родители и без родителска грижа, без разлика дали претходно биле вработени во некоја приватна компанија.
Откако ќе се реализираат овие вработувања во првите две години, според Програмата Д-10 планирано е секоја година да се вработуваат по 10 лица, што според статистиката е бројот на деца кои годишно ги напуштаат установите за деца без родители и без родителска грижа.
Министерството и до сега посредуваше во наоѓањето на работа на овие лица, но до сега се вработуваа во приватниот сектор. Најголем број младинци, поранешни штитеници од домовите за деца без родители и родителска грижа се вработувани во компанијата „Тинекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


