| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели „твиташе“: ова е крај

Тој најпрво напиша загадочен „твит“ со содржина: „Ова е крај“, без никакво подетално објаснување. Меѓутоа, неколку часа подоцна објави: „Милан засекогаш“, пренесуваат медиумите

mario-500

Овие твитови на Балотели само ја подгрејаа зовриената атмосфера, но и шпекулациите дека би можел да го менува тимот од Милано.

Навивачите на „росонерите“ не беа радосни и пред ремито 1:1 против Џенова, по што останаа во долниот дел од вкупниот поредок на Серие А, со 18 бодови помалку во однос на водечката екипа Рома.

Околу 400 лути тифози на Милан по средбата ги чекале фудбалерите и со навредливи скандирања им дале до знаење што мислат за нивната игра.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top