| четврток, 6 декември 2018 |

Соседите молчат, драмата на Илинденска расчистена

IMAG0143

Расчистенанa e заложничка драма што ноќеска се случи во центарот на Скопје. Утрово полицијата сѐ уште е присутна на местото каде што поранешен телохранител по семејна расправија прво ги нападнал сопругата и синот, а потоа се заканил дека ќе го дигне во воздух целиот кат од зградата лоцирана во близна на Градски парк со гас од уред за домаќинство.

Полицијата успеала да го приведе 56-годишниот К.Л. утрово во 8 часот. При приведувањето било утврдено дека бил под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат повеќе детали за подоцна.

IMAG0145

Соседите не сакаат за зборуваат за шокот што им го приредил соседот.

Драмата почнала нешто пред полноќ, кога разгневениот човек прво го фрлил телевизорот низ прозорецот од четвртиот кат. Потоа ја истепал сопругата и го повредил синот. Двајцата биле пренесени в болница.

IMAG0144

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top