Канје Вест и забранува на својата свршеница Ким Кардашијан да прави естетски хируршки зафати. Тој е против хируршки зафати бидејќи мајка му починала за време на пластична операција. Канје го видел мејлот што Ким го примила од пластичниот хирург и изјавил дека ќе ја откаже венчавката доколку таа направи хируршки зафат.
-Ким се сретнала со хирургот за да договори операција на носот и липосукција на бутовите и на стомакот пред венчавката закажана за идното лето- пренесуваат американските медиуми. Таа планира тоа да го направи во март кога Кајне ќе биде во Париз, па сметала дека ќе закрепне додека Кајне се врати во Лос Анџелес и дека нема ни да дознае што направила.
Ким и Кајне потпишале договор според кој ќе мора да си платат еден на друг 250 илјади долари во случај на прељуба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


