| четврток, 6 декември 2018 |

Нови Босанци – жртви во сирискиот конфликт

sirija buntovniciУште еден државјанин на Босна и Херцеговина, поточно од Травник, загинал во војната во Сирија како припадник на муџахединските единици во судирот со сириската армија. За смртта е јавено преку радикален исламистички интернет портал, каде се повикуваат воини, како и се објавуваат битките и загинатите.

Според претходните медиумски написи во Сирија војуваат десетици исламски доброволци од БиХ и другите балкански земји, вклучително и од Македонија, а најмалку десетина се заинати и ранети, Босанските власти неодамна поттикнаа носење специјален закон со кој би се санкционирало учеството на босанските државјани во војните ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top