Бан Ки Мун и Владимир Путин го поздравија нуклеарниот договор со Иран.
Генералниот секретар на Обединетите нации истакна дека доворот што го постигнаа светските сили со Иран би можел да биде историски за Блискиот Исток.
– Бан го поздрави прелиминарниот договор со кој Иран се согласи да го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за намалување на санкциите, изјави портпаролот на ОН, Мартин Несирски.
И претседателот на Русија, Владимир Путин оцени дека договорот „придонел за приближување до решение на еден од најкомплексните проблеми во сегашната меѓународна политика“.
Тој нагласи дека Русија е подготвена заедно со своите партнери да продолжи да трага за прифатливи и сеопфатни решенија на иранскиот проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


