
СВР Охрид трага по четиринаесетгодишната Маја, која пред дванаесет дена избега од дома. Од полицијата велат дека не го оставаат на случајност пријавеното исчезнување на Маја Блажеска од страна на нејзиниот татко.
– И кон второто пријавување, како и кон првото исчезнување на Маја сериозно и професионално пристапивме кон реализацијата на овој случај. Уште од првиот момент оформивме тим кој што има за задача да ги прибере сите сознанија корисни за настанот. Во координација сме со МВР и натамошните мерки се одвиваат кон побрзо пронаоѓање на исчезнатото девојче – изјави за „Охриднет“ м-р Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Приказната за исчезнувањето на Маја, која избегала од дома откако преку „Фејсбук“ се вљубила во момче од Скопје, прочитајте ја на овој линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


