| четврток, 6 декември 2018 |

Бериша ја губи довербата во Албанија

sali berisaПаѓа рејтингот на партијата Демократска партија на Сали Бериша во Албанија, покажува анкетата на фондацијата „Култ“.

41,2 проценти од анкетираните рекле дека „доколку денеска се одржат избори“, ќе гласаат за опозициската Социјалистича партија на Еди Рама. Втора партија според анкетата со 30,1 проценти за демократите на Бериша, а 14,9 отсто за националистичката Алијаса „Црвено црни“ на Крешник Спахиу.

Според анкетата, за Движењето за социјалистика интеграција на поранешниот албански премиер Илир Мета, би гласале 4,1 отсто, а за новата партија Нов демократски дух на екс-албанскиот претседател Бамир Топи 3,9 проценти. За други партии гласот ќе го дадат 1,6 отсто од анкетираните, додека 4.2 проценти не одговориле за кого ќе гласаат.

Оваа анкета е направена половина година пред Албанските граѓани да ги избираат новите 140 народни избраници на 23 јуни годинава.

Албанија е под притисок од ЕУ да оддржи фер и слободни избори, доколку сака да стане членка на Унијата. На последните парламентарни избори во 2009 година премиерот Сали Бериша освои половина од пратеничките мандати, но обезбеди мнозинство откако постигна договор за коалиција со Илир Мета и за  првпат во плуралниот живот во земјата беше формирана деснолевичарска влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top