Министерството за труд и социјална политика продолжува да презема мерки со кои строго и недвосмислено ќе се санкционираат обидите за злоупотреба врз децата.
Со измените на Законот за семејство кои се усвоија на последната владина седница се доуредува делот кој се однесува на тоа што се смета за злоупотреба или грубо занемарување на родителските должности, односно се додадава конкретно дека како злоупотреба или грубо занемарување се смета и наведување и користење на детето на питачење.
-Се прецизират и дефинираат веќе постоечките обврски и надлежности за постапување на центарот за социјална работа, односно се предвидува постапка во два дела во случаите на груба злоупотреба или занемарување на вршењето на родителското право утврдени во Законот односно доколку родителот го наведува детето на питачење или го користи детето за питачење, врши физичко или емоционално насилство над детето, полово го искористува детето, му дозволува употреба на алкохол, дрога или други психотропни супстанции, го наведува детето на општествено неприфатливи поведенија, го напуштил детето и подолго од три месеца не се грижи за детето и ако на кој било друг начин грубо ги крши правата на детето, при што со измените на законот се предвидува доколку за прв пат се случи злоупотреба и занемарување на родителското право на пример родителот го наведува и користи детето на питачење, Центарот првично ќе го предупреди родителот на надостатоците и пропустите во вршењето на родителското право и ќе мора да донесе решение за постојан надзор над вршењето на родителското право, исто така и ќе спроведе стручно советодавна работа со родителите и со детето, потенцираше ресорниот министер Диме Спасов.
Доколку родителот и покрај укажувањата на Центарот за социјална работа повторно го злоупотребува вршењето на родителското право или грубо го занемарува, на пример повторно го користи и наведува детето на питачење или врши насилство врз него, Центарот за социјална работа е должен да го одземе времено детето од родителот и задолжително да покрене постапка за одземање на родителското право пред надлежниот суд како и задолжително да поднесе кривична пријава против родителот. Исто така Центарот за социјална работа е должен да му обезбеди соодветно згрижување на детето и да преземе мерки за заштита на правата и интересите на малолетното дете.
Во случаите кога Центарот за социјална работа ќе утврди дека родителот со своите постапки го довел во опасност животот на детето, должен е веднаш да го одземе детето од родителот и да му обезбеди соодветно згрижување, како и да преземе мерки за заштита на правата и интересите на детето до донесување на конечната одлука на судот за одземање на родителското право, без претходно да го предупреди родителот на надостатоците и пропустите во вршењето на родителското право какои задолжително да поднесе кривична пријава.
-Доколку Центарот за социјални работи не постапи на овој начин се предвидени глоби во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице во центарот за социјална работа. Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра ќе му се изрече за прекршок и на правно лице и глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра ќе му се изрече за прекршок и на одговорното лице. Согласно измените на Кривичниот Законик кои се во собраниска процедура за кривичното дело Запуштање и малтретирање на дете – Родител кој со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ќе го запушти малолетното лице или ќе го малтретира, или ќе го тера детето на работа што не одговара на неговата возраст или од користољубие го наведува на питачење се казни со затвор од една до десет години, додаде Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст