Општина Гази Баба во соработка со Здружението за заштита на животни Анима Мунди денеска го пушти во употреба новиот парк за миленици, лоциран во паркот „Борис Трајковски“ во населбата Ченто. Паркот е опремен со специјални реквизити наменети за миленичињата.
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски истакна дека вакви и поголеми простори за домашни миленичиња ќе се направат и во останатите населени места во општината и апелираше до граѓаните да го користат овој парк и да не ги пуштаат миленичињата во парковите за деца.
Претседателот на Анима Мунди, Столе Велковски рече дека заедно со градоначалникот Трајковски ќе реализираат и проекти за заштита на невдомените миленичиња од подрачјето на Гази Баба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.