| четврток, 6 декември 2018 |

Take That: Роби врати се!

Robbie Williams

Гери Барлоу, фронтменот на популарната група од 90-тите години Take That сака Роби Вилијамс да и се приклучи на групата за следниот албум и турнеја. Тој му дал на Роби време до јануари да размисли, дали ќе се врати во групата која ја напушти во 1995 година и на кратко се врати во 2010 година. Во интервју за весникот „Сан“ тој вели:

– Се надевам дека тоа ќе се случи, затоа што тоа е најдобро за групата. Ние сме браќа. Кога сме заедно, се е исто, како некогаш. Сите ќе се видиме во јануари и сигурно ќе биде така, истакна Барлоу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top