Фотографијата на македонскиот фотограф, Томислав Георгиев, направена на протестот на новинарите поради одлуката за високата затворска казна за новинарот Томислав Кежаровски ја освои првата награда на Impunity Exposed photo contest 2013.
Томислав Георгиев е роден во Битола во 1975 година. Неговиот интерес за фотографија постои уште во факултетските денови, но професионално почнува да работи во 1998 година како фоторепортер во неколку студентски весници и продолжува да работи како фоторепортер и уредник во неделниот магазин „Фокус“.
Постојано се обидува да ги подобри своите фотографски вештини. Се усовршува на Мисури Универзитетот во САД и посетува тригодишната школа на World Press Photo.
Негови фотографии се објавени во многу престижни весници: „Le Monde“, „Sunday Times“, „Finacial Times“… и соработува со најпознатите светски фото агенции.
Исто така учествувал на повеќе групни изложби. Имал своја изложба и во Истанбул, на Istanbul Slide Show Days во 2004 година, во Анталија, University of Turkey, во 2007 година, и во Софија, Бугариjа на тема „Фокус на животот на Ромите во Европа“. Во 2008 година има самостојна изложба во Скопје „Bikes“.
Тој е УНИЦЕФ фотограф за Македонија за 2010 и 2011 година. Како еден од најкреативните фотографи во Македонија, неговата работа е многу пати наградувана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст