Возачот на Ред Бул и четирикратен едноподруго шампион на Формула 1, Себастијан Фетел ќе стартува утре од првата позиција на трката за Големата награда на Бразил.
Фетел до деветтата пол позиција во сезоната и 45-та во кариерата дојде со круг од 1:26.479 минути пред Нико Розберг од Мерцедес, додека од вториот ред ќе стартуваат возачот на Ферари, Фернандо Алонсо и Марк Вебер од Ред Бул. Луис Хамилтон со Мерцедес ќе стартува од петтата позиција, додека Роман Грожан од Лотус од шестата позиција.
Трката за Големата награда на Бразил со која завршува Ф1 шампионатот стартува утре од 17 часот по средноевропско време на патеката Интерлагос.
Извор:екипа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент во Ф1 на тренингот: Сè уште нема информации за состојбата на возачот и на стујардите покрај патеката
-
Трагедија пред Божиќ: Во сообраќајна несреќа почина пријател на еден од најпознатите возачи на Формула 1
-
Синот на Шумахер ќе го вози шампионскиот болид на својот татко во Белгија
-
Ферари со цело богатство сака да го зацементира договорот со Себастијан Фетел



