| четврток, 6 декември 2018 |

Заборавено откритие: Германски научник ја открил причината за добивање рак во 1923 година?

oto hajnrih  varburg

Во 1931 година германскиот научник Ото Хајнрих Варбург ја добил Нобеловата награда затоа што во 1923 година ја открил причината за добивање рак. Д-р Варбург открил дека ракот е резултат на антифизиолошки начин на живот.

Антифизиолошки начин на исхрана (претежно храна која закиселува) и физичка неактивност на телото создава кисела средина слабо снабдена со кислорот. Киселоста го истиснува кислородот, а недостатокот на кислород во клетките создава кисела средина.

Д-р Варбург рекол: Недостатокот на кислород и киселост се две страни на ист медал: ако некој има едно има и друго.

Ако имате преголема киселост, автоматски ќе ви недостига кислород во организмот. Ако ви недостига кислород ќе имате закиселен организам. Киселата средина е средина без кислород.

– Ако одземете на здрава клетка 35 проценти од нејзиниот кислород може да ја претворите во клетка со рак само два дена. Сите нормални клетки имаат апсолутна потреба за кислород, но туморските клетки можат да живеат без него. Тоа е правило без исклучок, тврдел д-р Варбург.

Според докторот, карциномот не бил ништо друго освен одбранбен механизам кој нашите келии го користат за да преживеат во кисела средина без присуство на кислород.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top