
Сопственикот на филмската компанија „Њу риџенси филмс“ и продуцент Арон Милчан призна дека во седумдесеттите години од минатиот век бил шпион кој шверцувал оружје во Израел и работел во корист на нуклеарната програма на земјата. Тој тврди дека во операцијата го вклучил починатиот режисер Сидни Полак.
Милчан во документарниот филм што го снимала израелската истражувачка новинарка Илана Дајан раскажува како се обидувал да убеди колеги од Холивуд да работат за министерството за одбрана на Израел. Во филмот се појавува заедно со Расел Кроу, Бен Афлек и Роберт Де Ниро кој одговорил потврдно на прашањето дали знаел што се случува во тоа време.
– Го прашав еднаш за тоа. Зборувавме за нешто и ми рече дека е Израелец и дека секако би направил такви работи за неговата земја, вели Де Ниро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


