| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот на Роберт Кенеди префрлен во нов затвор

sirhan sirhan

Шеесет и деветгодишниот Сирхан Сирхан, осуден за убиство на Роберт Кенеди, е префрлен во нов затвор во Калифорнија каде што ќе продолжи да ја отслужува казната доживотен затвор.

Според агенцијата АП, Сирхан бил префрлен во нов затвор во Сан Диего, точно на годишнината на убиството на Џон Кенеди, брат на некогашниот државен обвинител на САД Роберт Кенеди.

Сирхан од 1968 година е во затвор откако во хотелот Амбасадор во Лос Анџелес го уби Роберт Кенеди откако прогласи победа на изборите за претседателски кандидат на демократската партија.

Сирхан е роден во Ерусалим како Палестинец христијанин. За време на судењето изјавил дека не се сеќава на убиството и дека тоа го сторил под хипноза. Пред две години 13 пат му е одбиено барањето за помилување, а нова молба ќе може да поднесе во 2016 година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top