| четврток, 6 декември 2018 |

Историските личности на „селфи“ фотографии

Јужноафриканскиот дневен весник Кејп тајмс си поигра со некои од најпознатите историски фотографии, па со вешто користење на алатките за обработка ги претворија во „селфи“ фотографии.

Овој проект е дел од минатогодишната рекламна кампања која ја осмисли агенцијата Lowe Cape Town но особено е интересна овој месец поради одбележувањето на 50 годишнината од атентатот на Џон Кенеди.

Колку се популарни „селфи“ фотографиите покажува и податокот дека годинава овој збор е вметнат во Куќата на славните Оксворд речник, победувајќи во трката „збор на годината 2013“.

Со зборот „селфи“ се именуваат фотографиите кои се направени од самите личности кои се фотогорафирани.

 

5 4 3 1_615595S0 keneddy1

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top