| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пат се омажила на 84 години за симпатијата од училишните денови

baba i dedo svadba

Канаѓанката Керол Херис докажа дека за вистинската љубов никогаш не е доцна.

84 годишната Херис минатиот петок се омажи за љубовта од училишните денови.

– Секогаш сакав да се омажам, се до минатиот март. Тогаш се откажав и си реков дека тоа е смешно, раскажува Керол.

Но, во нејзиниот живот повторно влегол Џорџ Рејнс, нејзината симпатија од далечната 1936 година, кога го запознала во училиште. Тогаш и му го подарила првиот бакнеж во рамките на училишната претстава „Заспаната убавица“ во која и двајцата учествувале.

По средното училиште Џорџ се пресели во Онтарио и се ожени. Имаше три деца, а Керол остана во родниот град. Никогаш не се омажи. Откако починала сопругата на Џорџ тој се вратил во Њу Брансвик и ја обновил романсата со Керон, пренесува Дејли меил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top