| четврток, 6 декември 2018 |

ФОТО: Хурем го покажа трудничкото стомаче

hurem bremena

Турската актерка, Мерием Узерли, позната по улогата на султанката Хурем во серијата Величествениот, го покажа трудничкото стомаче.

Узерли фотографијата ја објави на Инстаграм, која веднаш предизвикала внимание меѓу нејзините обожаватели, но и во  семејството на нејзиниот поранешен вереник Џан Атеш кој ја остави кога дозна дека е бремена. Семејството на Атеш наводно почнало да му врши притисок да го признае детето.

Атеш ја раскина веридбата со Узерли во момент додека таа беше на лекување во Германија, а згора на се и ја понижи во медиумите изјавувајќи дека  никогаш не ја сакал  и дека таа му била само забава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top