| четврток, 6 декември 2018 |

Скелетот во Лестер е на Ричард Трети

Ричард Трети, познат по менувањето на кралство за коњ, загинал во 15 век, Еден век подоцна мавзолејот му бил урнат, а скелетот исчезнат до сега

Универзитет во британскиот град Лестер соопшти дека нивни археолози утврдиле дека скелетот, пронајден во еден парк во градот, му припаѓа на кралот Ричард Трети, кој загинал пред 528 години. Археологзите направиле ДНК анализа од примероци земени од членовите на кралското семејство.

– Не постои никакво сомневање дека ова е скелетот на кралот Ричард Трети. Ова е историски ден за Лестер, велат од Универзитетот.

A television image of King Richard III's skull is seen next to a portrait of him during a news conference in LeicesterСкелетот на британскиот крал, на кој се откриени десет прострелни рани, од кои осум на главата, ќе биде погребан во катедралата во Лестер.

Триесет и двегодишниот крал Ричард Трети Шекспир го опишал како деформиран тиранин кој убил две принцези во Лондонската кула, Ричард бил убиен во обид да го задржи круната во 1485 во Битката на Босворт поле, овековечена со повикот „Коњ! Коњ! Моето царство за коњ! “. Во 16-от век бил урнат неговиот мавзолеј, кога од гробот и исчезнал неговиот скелет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top