| четврток, 6 декември 2018 |

Заев предложи нови три мерки за враќање на средната класа

zaev

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од Прилеп промовираше три нови економски мерки со кој опозицијата има намера да ја врати средната класа откако ќе се врати на власт.

– Станува збор за капитални инвестиции и вработување на младите кои ја напуштаат земјава поради големата невработеност, посочи Заев.

Трите мерки се изградба на автопатишта, национална гасификација и бизнис инкубатори во земјата.

– Изготвување целосна документација, завршување на експропријацијата и започнување на изградба на три нови патни делници во форма на автопати и тоа: автопат Велес-Прилеп-Битола, автопат Штип-Кочани, а три ленти до Делчево и до граничниот премин Делчево и третиот автопат Удово-Вељуса-Струмица и граничен премин Ново Село. Втората мерка е гасификација на Македонија преку изградба на главна национална гасоводна мрежа до големите урбани центри и поставување на систем за компресирање на природен гас за помалите градови и општини. Третата мерка е финансирање од буџетот на 320 бизнис идеи годишно со по 10.000 евра неповратни средства по идеја. Ќе отвориме преку 16 бизнис инкубатори низ цела Макеоднија. Со оваа мерка ќе се вработат повеќе од 5.000 луѓе, пред се млади, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Според Социјалдемократскиот сојуз, таму каде што дошла сегашната влада во проектите за автопати и гасификација, оваа партија ќе продолжи. Што се однесува до бизнис идејата за инкубатори, со програмата на СДСМ, државата ќе одвои по 800.000 евра годишно за плати и услови за работа на 80 најдобри студенти од регионот, по пет во секој инкубатор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top