58-годишна жена загинала откако во неа удрило БМВ, вчера на патот Струга- село Подмоље.
Трагедијата се случила околу 16,15 часот на магистралниот пат Струга-с.Подмоље спроти зграда бр.3, кога Д.К.(41) од населба Мислешевски пат, управувајќи ПМВ„БМВ“ со охридски регистерски ознаки, удрил во пешакот Латифа М.(58) од Струга. Во незгодата, Латифа починала на лице место, а смртта е констатирана од страна на лекар од МЦ-Струга. Увид на лице место извршиле ИС, ЈО и увидна екипа од ПС-Струга.По наредба на ИС, Д.К. е задржан во ПС Струга, а телото на починатата е предадено за обдукција.За време на траење на увидот, на наведениот патен правец сообраќајот бил во прекин во времето од 16,30 до 18,30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.