| четврток, 6 декември 2018 |

Tри автомобилски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

mizo-1--564x272

Три компании од автомобилскиот сектор покажуваат интерес за инвестирање во Македонија. Нивни претставници најавиле дека после Нова година ќе престојуваат во земјава со цел директно да се запознаат со условите за водење бизнис во зоните, објави Сител.

Директорот на зоните, Виктор Мизо во изјавата за Сител открива дека се работи за компании за производство на електронски компоненти и за производство на машински и механички компоненти за автомобилскиот сектор, односно и трудоинтензивни компании и технолошки компании кои произведуваат производи со повисока додаена вредност.

Разговарано е и со компании кои веќе се присутни на пазарите во Чешка, Полска, Романија и Унгарија. Заинтересирани се да го преселат своето производство во внатрешноста на Македонија поради поконкурентната работна сила.

Мизо присуствува на конгрес на автомобилска индустрија во Берлин. На конкресот прустни се и се првите луѓе на Опел, Волво, Мерцедес, БМВ, Фолсфагфен и Форд. Присутсвиваат 350 учесници, а Македонија е единствената земја од Источна Европа која е пристна со свој штанд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top