| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова со нов тренер

sarapova1_07052013_esquire625

Руската тенисерка Марија Шарапова деновиве назначи нов шеф на својата тренерска екипа.

Тениската убавица го ангажираше Свен Гренвалд за свој нов тренер, а до информацијата први стигнаа северноамериканските медиуми.

Тој претходно беше тренер кој работеше за „Адидас“, а некое време беше и во тимот на Ана Ивановиќ. Сепак, соработката со Србинката не траше долго.

Тие соработувале до пред неколку години, а потоа Холанѓанецот, како тренер на германската компанија за производство на спортска опрема, не можел постојано да ја следи оваа убавица на турнирите.

Поради тоа овој пат најверојатно решил да им се заблагодари на луѓето од „Адидас“, со цел со Маша да биде на сите натпреварувања.

Свен Гренвалд во својот тренерски ангажман работел и со шкотскиот тениски ас Енди Мареј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top