Новоизградената спортска сала во основното училиште Кочо Рацинн во општина Петровец, денеска свечено ќе биде пуштена во употреба.
На отворањето ќе присуствува премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Изградбата на салата е дел од проектот на Владата за Изградба и опремување на “145 училишни спортски сали”.
Груевски и Ристовски и вчера пуштија во употреба нова училишна спортска сала во ОУ “Гоце Делчев” во Горно Лисиче. Од таму, министерот за образование и наука, најави дека проектот за изградба на 145 сали ќе продолжи во сите општини низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии