| четврток, 6 декември 2018 |

По влезот во ЕУ:Невработеноста во Хрватска стигна до 20,3 отсто

Zagreb-jelacic-sq-0914-630x418

Стапката на невработеност во Хрватска се зголеми во октомври во однос на септември до 20,3 отсто, покажуваат првичните податоци на националната агенција за статистика.

Зголемувањето во однос на месец септември изнесува 1,2 проценти.

Последен пат невработеноста во Хрватска достигна над 20 проценти во месец април годинава.

На годишно ниво невработеноста бележи раст од 0,7 отсто во октомври 2013 во однос на октомври 2012 година, кога невработеноста изнесувала 19,6 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top