| четврток, 6 декември 2018 |

Британците не сакаат во ЕУ

Британските парламентарци со убедливо мнозинство го отфрлија предлог за референдумот за членство на државата во ЕУ да биде во 2014 година и го поддржаа првобитен план на премиерот Дејвид Камерон гласањето да биде одржано во 2017 година, објави „А1 он“

Само 15 пратеници гласаа за иницијативата на конзервативецот Адам Афраи референдумот да биде следната година додека 249 беа против со што овозможија Камерон да избегне понатамошен раскол за прашањето за ЕУ во сопствената партија.

Камерон нагласи дека доколку победи на изборите во 2015 година, ќе свика референдум до крајот на 2017 година.

Антиевропскиот дел од конзервативците почна со притисок врз премиерот референдумот да биде одржан што е можно побргу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top