Претседателот на советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ осомничен за криминал во „Машинорпомет“ во вторник ќе биде изведен пред истражен судија, каде ќе биде сослушан, соопштуваат од Кривичниот суд, објави „Портал“.
„На ден 22.11.2013 година во 12:00 часот во Основниот суд Скопје 1 Скопје примено е известување од Министерството за внатрешни работи дека обвинетиот Мирослав Шиповиќ е екстрадиран во Р.Македонија и истиот е спроведен во Затвор-Скопје Скопје.
Истражниот судија кој постапува по предметот во координација со Основното Јавно Обвинителство Скопје и бранителот на обвинетиот, закажа сослушување на обвинетиот Мирослав Шиповиќ за ден 26.11.2013 година”, соопштуваат од Судот.
Шиповиќ беше екстрадиран доцна синоќа од Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


