| четврток, 6 декември 2018 |

И Србија се откажа од Евровизија

evrovizija

И Србија нема да учествува со своја песна на Евровизија 2014 година во Копенхаген. Ваква одлука донесе Колегиумот на Радио-телевизија Србија поради финансиски проблеми.

-Континуитетот во учеството на Србија на Евросонгот е прекинат поради трошоците  за испраќање на делегацијата. Последните години од исти причини се откажале и други јавни медиумски сервиси во Европа. РТС ќе ги испита можностите за учество на Евровизија за наредните години, штом се воспостават стабилни финансиски извори – се вели во соопштението на РТС.

Пред Србија се откажаа Хрватска и Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top