| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија возило на Брза помош и „пасат“ на Партизанска – четворица се борат за живот

soobrakajka brza pomos

Речиси пред еден час во страшна сообраќајна несреќа се судрија возило на Службата за итна медицинска помош со автомобил марка „волксваген пасат“ на крстосницата од булеварот Партизански одреди и Октомвриска револуција.

Според СВР Скопје, во стравотниот судир четворица се тешкоповредени, двајца од „пасатот“ и двајца болничари во Итната помош. Во возилото на Итна помош немало пациент.

Двајца повредени се пренесени во Градската болница „8 Септември“, а други двајца се во Ургетниот центар при Клиничкиот центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top