| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Пет лица уапсени за злоупотреби на стоковни резерви

Српската полиција уапси пет лица во Нови Сад и во Сомбор под сомнение дека ја оштетиле државата преку злоупотреби при складирањето пченица и пченка за потребите на државните резерви, соопшти белградското радио „Б-92“.

Полицијата трага по уште две лица кои сè уште се во бегство.

Групата е осомничена дека го оштетила буџетот на Србија за 5,5 милиони евра, се наведува во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top