Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб остануваат во кошаркарската репрезентација и со ентузијазам гледаат на претстојните настапи на националниот тим. Тие се нетрпение очекуваат летово да се сретнат со останатите соиграчи. Ова го изјави Илија Мерџановски, директорот на репрезентацииите за сајтот на Македонската кошаркарска репрезентација (МКФ) кој се сретна со двајцата репрезентативци во Атина.
Неодамнешниот дуел на Олимпијакос и на Фенербахче во рамките на Евролигата беше идеална шанса колегите од таборот на македонската репрезентација, Антиќ и Мекејлеб, да разменат мислења за настапот на претстојното Европско првенство во Словенија и да му ги пренесат на Мерџановски.
На состанокот Мерџановски им ја презентирал програмата за подготовки и натпревари на нашата најдобра селекција следното лето, како и насоките и очекувањата во однос на исполнувањето на програмата на селекторот Алеш Пипан.
– Многу ми е драго што гледам дека Перо е одлично прифаен и високо оценет во средината каде што настапува. Задоволен е и тоа е најважно за еден странски играч, да има мир и позитивно опкружување околу себе – изјави Мерџановски.
Пипан имаше средба и со Војдан Стојановски, за време на неговиот краток престој во Скопје, а во наредниов период треба да се сретне и со Предраг Самарџиски, како и со младите кандидати за сениорската селекција, Андреј Магдевски, Кристијан Николов и други што настапуваат во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


