Билансот на загинатите во налетот на тајфунот Хаијан на Филипините достигна повече од пет илјади лица, покажуваат официјалните податоци на филипинските власти.
Повеќето од жртвите, односно 4.919 од вкупно 5.209 загинале во источниот регион Висајас, кој беше најтешко погоден од природната непогода.
Двестотини и деведесет лица загинаа во 14 централни и јужни провинции.
Најмалку 1.611 лица се водат како исчезнати, а 24 илјади се повредени. Тајфунот Хаијан остави четири милиони лица без покрив над главата.
Доставувањето на храна и на другите неопходни продукти за преживеаните се одвива со забрзано темпо, а педесет проценти од остатоците од урнатите објекти се расчистени, соопштуваат филипинските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


