| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Груевски и Ахмети отворија основно училиште во Чаир

gruevski skolo manastir cair

Два милионa евра се вложени во изградбата на новото училиште во скопската населба Чаир „Битолски конгрес“ (Конгреси Манастирит), во кое има 23 училници, 18 кабинети и 10 канцелариски простории.

На отворањето на новиот училиштен објект присуствуваа и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Груевски изјави дека ова е најдобриот начин да се прослави денот на албанската азбука, со отворање храм на писменоста и образованието.

Капацитетот на ова училиште е 900 ученици во една смена.

manastir skolo cair

„Со изградбата на новото училиште ќе се излезе во пресрет на потребите на голем број ученици кои во изминатите години одеа во околните училишта, со цел да ги избегнат условите во старите дотраени бараки на старото училиште“, изјави Груевски.

Министерот за образование Спиро Ристовски истакна дека ова училиште е од огромно значење за воспитно-образовниот процес во општината Чаир.

На новинарско прашање зошто на таблата над влезот името на училиштетио не е преведено на македонски во „Битолски конгрес“, туку има кирилична транскрипција на албанскиот назив (Конгреси и Манастирит), министерот Ристовски одговори дека има и други училишта со такво име во Македонија.

„Во овој случај говориме за капитален објект од безмалку два милиона евра. Прашањето е апсолвирано, старото училиште го имаше истото име повеќе од седум години. Училишта со ова име има на повеќе места во Република Македонија и воопшто не е никаква промена на топоними. Го означува конгресот што бил одржан во Битола и не гледам нешто позначајно и спорно“, рече Ристовски.

gruevski govor skolo manastir cair

Градоначалникот на Чаир Изет Меџити и се заблагодари на Владата за реализацијата на оваа инвестиција.

Таблите на училиштето не го содржат македонскиот назив на училиштето, туку замо на албански јазик испишано на латиница и кирилица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top